За нас

Ординација по интерна медицина при ПЗУ Др.Панче Арсов е лоцирана во град Велес на ул. 11 Октомври број 4.  На ова локација се сместени: Ординација по интерна медицина, ординација по општа медицина и лабораторија додека работната единица по општа медицина е сместена на улица Петре Прличко б.б.

ПЗУ Др.Панче Арсов е комплетно приватна установа чиј основач е Др.Панче Арсов.
Основана е 1992 година како Ординација по Интерна медицина и лабораторија и започна со работа во октомври истата година со дозвола од Министерот за здравство. Една од целите со кои се водеше основачот на ПЗУ Др.Панче Арсов е воспоставување на современи светски здравствени стандарди во градот Велес а се со цел задоволување на пациентите со квалитетна и достоинствена здравствена заштита како фактор што, придонесува за подобрување на општото здравје на пошироката заедница.  Подоцна се дополни со првата ординација по општа медицина и се трансформираше во ПЗО соодветно на важечки законски прописи.

Во тек на 2004 година се дополни со уште една ординација по општа медицина и при тоа се направи трансформација во ПЗУ и прелокација во нови простории на ул. 11 Октомври каде сега се наоѓа.

Кон здравствената установа гравитира население од подрачје на цела општина Велес како и соседни општини Чашка , Градско , Богомила, Лозово , Свети Николе , но исто така и од подалечните општини. Просториите во кои е сместена ординацијата на локација 11 Октомври број 4  близу до споменик Бауман –  е со површина од 125 м2.

ПЗУ Др.Панче Арсов – Интернистичката ординација е опремена со современа медицинска опрема неопходна за ивршување на секојдневната дејност :

Два Ехоснографски апарати  од кои едниот MEDISON 8000 SE опремен со колор доплер систем за иследување, додека Ехосонографскиот апарат SIEMENS е од постарата генерација но со извонредни можности.

Ординацијата по интерна медицина е исто така опремена со Holter EKG апарат за 24 часовно континурирано иследување на срцевиот ритам и Holter ABPM апарат за 24 часовно следење на крвниот притисок. Исто така е присутна стандардна интернистична опрема во вид на 3-EKG апарати,  2 Спинометри и Dopler апарат за иследување на периферна циркулација ( раце и нозе ).  Како дел на опремата во ординацијата е и апаратор за ултразвучна коскена дензитометрија.

Кон сето ова треба да се додаде високото ниво на информатичка компјутерска технологија која се применува во ПЗУ Др.Панче Арсов речиси од самите почетоци на работата. Дијапазонот на иследувања кои може да се применат во Ординацијата по интерна медицина е следниот:

– Интернистички преглед со ЕКГ, Спирометрија
– Колор доплер ехокардиографски преглед
– Ехосонографско иследување на тироидна жлезда
– Доплер сонографско иследување на крвни садови на врат
– Ехосонографско иследување на абдомен и урогенитален систем
– Доплер на периферни крвни садови
– 24 часовен Холтер ЕКГ
– 24 часовен Холтер на крвен притисок ( АБПМ )
– Ултразвучна коскена дензитометрија